Ендосферата е неинвазивен медицински – козметички третман кој користи уникатен рачен уред со механизми на компресивни микро-вибрации, составен од хипоалергични силиконски топки чие ротирачко дејство делува како пумпа која го одвојува целулитот како вишок течност и го исфрла од телото преку лимфните жлезди а вооедно ја стимулира и подобрува циркулацијата на крвните садови и лимфата, го подобрува изгледот, квалитетот и тонусот на кожата и мускулот. Покрај дејството врз целулитот, ендосферата помага во ублажување и рехабилитација на пациенти со хроничен секундарен лимфедем.

Самата процедура на третманот е удобна, безбедна и е еден вид на масажа.
Третманите се прават 2-3 пати неделно, првите ефекти се видливи после третиот третман. Се препорачуваат 10-12 сесии за да се постигнат најдобри резултати. 

Тука е нашиот стручен тим кој помага да се одреди соодветниот план за третирање за вашите индивидуални потреби.

Показатели дека ви е потребен овој третман

Намалување на целулитот

Терапијата со ендосфера може да се користи за да се намали појавата на целулитот со таргетирање на фиброзните клетки и стимулација на лимфна дренажа.

Контурирање на телото

Се препорачува и користи за обликување, контурирање на телото, намалување на целулитот и подобрување на еластицитетот на кожата.

Елиминирање на болка

Терапијата со ендосфера може да се користи за ублажување на мускулната болка и напнатост преку подобрување на циркулацијата на крвта и ослободување на мускулната затегнатост.

Придобивки од овој
третман

Неинвазивна процедура

Терапијата со ендосфера е нехируршка и неинвазивна, што ја прави безбедна опција за оние кои сакаат да избегнат операција или инјективни третмани за обликување на телото и добивање на посакуваната фигура.

Подобрена циркулација

Механичките вибрации и микро-компресии помагаат да се подобри циркулацијата на крвта, што може да доведе до подобра испорака на кислород и хранливи материи до ткивата.

Намалување на болката

Може да обезбеди ослободување од мускулна болка и непријатност, што го прави погоден за лица со состојби на хронична болка.

Што велат нашите
клиенти за нас

Најчести поставувани прашања

Аромотерапијата е третман со етерични масла кој се применува и на лице и на тело и го подобрува здравјето на кожата и нејзината виталност.
Аромотерапија на лице трае 30-40 мин, а Аромотерапија на тело 60 мин. Се изведува во вид на масажа на целото тело.
Да, во зависност од типот на кожата се одредува и типот на етерични масла кои ке се користат при третманот. За секоја проблематика има одредено масло кое же придонесе за подобруваае на состојбата.

Закажи бесплатна консултација и добиј пресонализирана програма