Станува збор за ладна метода Cryo-мраз и Липолиза -хемиски дефект на масните клетки. Мастите локално се ладат на прецизно утврдена минусна температура која постигнува кристализација на масните клетки. Третманот е наменет за да се намалат масните наслаги или грутки кои не можат да се постигнат со диета или вежбање.
Самата процедура е пријатна. На регијата се поставува апликатор на база вакум и ладење, во текот на третманот масните наслаги се замрзнуваат и распаѓаат, во поткожното масно ткиво клетките умираат од хипотермија, а истите потоа се ифрлат преку лимфниот систем во период од 3-8 недели, со секој третман се отстранува 25% од локалното масно ткиво.По третманот областа се масира 2-3 минути. Благиот оток и црвенило исчезнува во рок од неколку часа. Времетраењето е 30 минути на една регија.
На иста регија постапката може да се повтори после третата недела.
Предностите на Криолиполизата
- Повеќе од една регија од телото може да се опфати во една сесија.
- Масните клетки трајно се отстрануваат од телото.
- Резултатите ќе почнете да ги гледате 3-4 недели по првиот третман.
На вашата консултација можеме да развиеме персонализиран план за третманот, со цел да ги добиете најдобрите можни резултати.
Показатели дека ви е потребен овој третман
Тврдокорни локализирани масни наслаги
Криолиполизата е најефикасна за луѓе кои имаат локализирани масни џебови кои се отпорни на диета и вежбање. Вообичаени области кои ги третираме се стомакот, внатрешни и надворешни бутини, надколеници, надлактици..
Нехируршки пристап
Криолиполизата е атрактивна опција за поединци кои сакаат да избегнат инвазивни процедури.
Реални очекувања
Пациентите треба да имаат реални очекувања за резултатите од криолиполизата. Може да бидат потребни неколку сесии за да се постигне посакуваниот резултат.
Придобивки од овој
третман
Неинвазивна процедура
Криолиполизата не вклучува засеци, анестезија или хирургија, намалувајќи ги ризиците и компликациите поврзани со инвазивните процедури.
Целно намалување на маснотиите
Овозможува прецизно насочување на одредени области на телото.
Минимално време на прекин
Повеќето луѓе можат да се вратат на своите вообичаени активности веднаш по процедурата, што ја прави погодна опција за оние со интензивен начин на живот.
Што велат нашите
клиенти за нас
Се радувам што Скопје има место од светски ранг кога е во прашање грижата за лице и тело. Најсовремена апаратура, вистински третман за секој клиент, многу обучен персонал и совршена атмосвера’ Топла препорака ако сакате да си посветите време себе си со најдобрите.
Јас сум клиент во Privé уште од самиот почеток кога се отвори. Морам да забележам дека прво нешто што заприметив како доблест на Privé е исклучително љубезен и професионално обучен персонал, нешто што мене но и на повеќето клиенти со сигурност им значи. Privé е мојот SOS кога треба брзо да се вратам во форма! Точно знаеме кои третмани ми се потребни и секогаш ги добивам резултатите.
Privé едноставно Ве обожавам!
Приве е единствениот салон во кој што можам да се опуштам и препуштам на професиониот персоналот и сите третмани кои што се исклучително пријатни и корисни како за моето здравје така и за мојот изглед.
Го сакам Приве од неколку причини…
Најмногу затоа што целата атмосфера во салонот,хигиената,услугата,амбиентот,квалитетот на услугата,сите најнови методи за разубавување кои ги нудат се на ниво на европските па дури и светските центри за убавина…Топло го препорачувам на сите оние дами кои ценат квалитет,и сакаат да добијат услуга како во вистинска европска метропола.