TESLA Former претставува електромагнетен мускулен стимулатор кој се користи за тонирање и дефинирање на мускулот во комбинација со согорување на масните наслаги на одредената регија. Ова е нова технологија која стимулира 36.000 контракции во еден третман со времетраење од 30 минути. Тесла Формерот е неинвазивен третман за зацврсување на мускулната маса и обликување на било кој дел од телото која ќе направи да изгледате фит и цврсто од кој било аспект.
Се аплицира на таргетираниот дел од телото кој сакаме да го зацврстиме, како рацете, стомакот, задникот, надколениците, бутините внатрешни и надворешни.
Покрај естетските цели,Тесла Формерот се користи и за бројни состојби во физикалната медицина, рехабилитација после повреди или друг вид на трауматизам
Резултатите ќе почнете да ги гледате веднаш по првиот третман. Најдобри резултати се постигнуваат по 6-10 сесии.
На вашата консултација можеме да направиме персонализиран план за третманот за да знаете дека ќе ги добиете најдобрите можни резултати.
Показатели дека ви е потребен овој третман
Доколку имате опуштена кожа, или ви е потребно зацврстување на било која регија од вашето тело, Тесла Формерот е идеално решение за ваквата состојба.
Придобивки од овој
третман
Дефинирана мускулна маса
Затегнување и тонирање на телото
Подигнување на задникот
Обликување на стомачната регија
Намалување на масните наслаги на третираната регија
Што велат нашите
клиенти за нас
Се радувам што Скопје има место од светски ранг кога е во прашање грижата за лице и тело. Најсовремена апаратура, вистински третман за секој клиент, многу обучен персонал и совршена атмосвера’ Топла препорака ако сакате да си посветите време себе си со најдобрите.
Јас сум клиент во Privé уште од самиот почеток кога се отвори. Морам да забележам дека прво нешто што заприметив како доблест на Privé е исклучително љубезен и професионално обучен персонал, нешто што мене но и на повеќето клиенти со сигурност им значи. Privé е мојот SOS кога треба брзо да се вратам во форма! Точно знаеме кои третмани ми се потребни и секогаш ги добивам резултатите.
Privé едноставно Ве обожавам!
Приве е единствениот салон во кој што можам да се опуштам и препуштам на професиониот персоналот и сите третмани кои што се исклучително пријатни и корисни како за моето здравје така и за мојот изглед.
Го сакам Приве од неколку причини…
Најмногу затоа што целата атмосфера во салонот,хигиената,услугата,амбиентот,квалитетот на услугата,сите најнови методи за разубавување кои ги нудат се на ниво на европските па дури и светските центри за убавина…Топло го препорачувам на сите оние дами кои ценат квалитет,и сакаат да добијат услуга како во вистинска европска метропола.